Балкан

Извлечена „петка“ од Лото 5 во Србија вредна 910.000 евра

Извлечена „петка“ од Лото 5 во Србија вредна 910.000 евра

Во 47. коло од играта на среќа „Лото 5“, вечерва е извлечена „петка“ вредна 910.000 евра, соопшти Државната лотарија на Србија.

Добитната комбинација е уплатена денеска на уплатно место СТКР „Моца“ во Лајковац, а среќниот добитник одиграл една Лото 5 комбинација и еден Џокер број.

Вкупниот износ на уплатата изнесувал 150 динари. „Државната лотарија на Србија му честита на среќниот добитник, а на играчите им посакува многу среќа во наредните извлекувања“, се наведува во соопштението.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни