Македонија

Ја пресретнале фактурата и ја фалсификувале: Фирма од Велес оштетена за над 21 илјада евра

Ја пресретнале фактурата и ја фалсификувале: Фирма од Велес оштетена за над 21 илјада евра

На 03.02.2026 во 07:15 часот, во СВР Велес, 60-годишна велешанка пријавила дека фирмата каде работи била оштетена за 21.111 евра. 

Имено, фирмата извршила уплата на средствата по фактура кон деловен партнер, но откако добиле порака на електронската адреса дека уплатата не е реализирана, стапиле во контакт со банката и деловните партнери и утврдиле дека фактурата била пресретната и фалсификувана, а средствата биле уплатени на друга сметка.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни