Ја тужел компанијата затоа што работата му била здодевна: Сега треба да му платат отштета од 40.000 евра

Еден човек од Париз ја тужел компанијата во која работел бидејќи работата му била здодевна, а се чувствувал како да не заработил плата.

Сега компанијата треба да му плати 40.000 евра бидејќи судот пресудил во негова корист.

Во 2014 година, Фредерик Деснар се врати на работа за францускиот производител на луксузни парфеми Interparfums по седум месеци боледување. Според зборовите на неговиот адвокат, тој бил на боледување поради епилептичен напад што го доживеал додека возел, што резултирало со несреќа која го оставила во кома неколку дена, пишува магазинот „Феникс“.

Иако бил вреден работник, по враќањето од болест, компанијата наводно целосно го запоставила. Своето време го трошеше правејќи „работа за претседателот“ на Interparfums. Работел од 20 до 40 минути дневно и никому не му било важно дали ќе се појави на време, четири години, пренесува Вечерњи лист.

“Немав повеќе енергија за ништо. Се чувствував виновен и засрамен што не заработував плата, а ја добивав. Имав впечаток дека сум невидлив во компанијата”, рекол Фредерик Деснар пред судот.

Виктор Билбо, адвокатот на Деснар, рече дека постои поврзаност помеѓу работата и влошувањето на неговото здравје. Адвокатите на компанијата во своја одбрана бранеа дека Деснар никогаш не кажал ништо за тоа дека му е досадно.

Во 2020 година Деснар поднесе тужба до судот за работни односи и бара отштета од 360.000 евра. Иако компанијата тврдеше дека Деснар никогаш не се пожалил, судот се согласи дека „занемарувањето е форма на вознемирување“, а пресудата беше потврдена од Апелациониот суд во Париз на крајот на 2020 година.

Поврзани вести

Одложени продолженијата на „Невозможна мисија“

Седмиот и осмиот филм од франшизата „Невозможна мисија“, со Том Круз во главната улога, се одложени за 2023 и 2024 година поради пандемијата на Ковид-19, соопштија продуцентите Парамаунт Пикчрс и Скајденс. „Невозможна мисија 7“ требаше да почне да се прикажува во...

Ковачевски – Петков: Ги поставивме основите за брз напредок на меѓусебните односи

Премиерот Димитар Ковачевски и премиерот Кирил Петков имаа тет-а-тет средба во рамките на официјалната посета на владината делегација на Северна Македонија на Република Бугарија. На средбата беше истакнато дека...

Работните групи на владите на Македонија и Бугарија ги поставија основите за работа и го утврдија роковите за исполнување на приоритетите

Во насока на продлабочување на билатералната соработка меѓу РСМ и Бугарија, во рамките на заедничката седница на двете влади во Софија, се одржаа и одделни состаноци на работните групи утврдени за време...

Еве што се собира прашина во вашиот дом

Време е за општа заштеда, и без разлика од кој извор на нередот, оваа листа ќе ви помогне да го елиминирате она што не ви треба, за да можете да направите простор...

Најважното

Ковачевски – Петков: Ги поставивме основите за брз напредок на меѓусебните односи

Премиерот Димитар Ковачевски и премиерот Кирил Петков имаа тет-а-тет средба во рамките на официјалната посета на...

Работните групи на владите на Македонија и Бугарија ги поставија основите за работа и го утврдија роковите за исполнување на приоритетите

Во насока на продлабочување на билатералната соработка меѓу РСМ и Бугарија, во рамките на заедничката седница на двете влади во Софија, се...

Ковачевски и Петков: Да работиме на потенцијалите и предностите и да оствариме напредок во пријателството наместо национализам и говор на омраза

Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од министрите кои се дел од делегацијата на Владата на Република Северна Македонија, утринава пристигнаа во резиденцијата „Бојана“,...

Сончево со мала до умерена облачност и многу студено

Сончево со мала до умерена облачност и многу студено. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Продолжува периодот на...

718 нови случаи на ковид-19 – пријавени се 22 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.044...