Македонија

Јанчев ги посети мајката и првороденото бебе оваа година во Кавадарци

Јанчев ги посети мајката и првороденото бебе оваа година во Кавадарци

Градоначалникот Митко Јанчев, заедно со директорот на кавадаречката болница, Диме Коцев, денеска ги посетија мајката и првороденото бебе оваа година во Кавадарци, а им однесоа и подароци.

Од болницата со проширена дејност информираа дека првото бебе во новата 2023 година во Кавадарци е женско, родено на 2 јануари, 30 минути после полноќ.

– Породувањето е извршено спонтано и добиено е здраво женско дете со тежина од 3430 грама и должина од 51 сантиметри. И мајката и бебето се во добра општа состојба. На родителите им ја честитаме новата рожба, а на новороденчето му посакуваме среќно и безгрижно детство, соопштија од болницата.

Станува збор за петто дете во семејството.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни