Најчевска: Амнестијата може да значи замачкување на работите

„Амнестијата многу често може да значи замачкување на работите. Значи, наместо разрешување на работите, само ги става под килим меѓутоа тие не се разрешуваат на тој начин. Не се носат такви решенија со кои би се адресирала претходно направената неправда. Туку само луѓето добиваат некоја илузија дека добиле малку повеќе правда“, вели професорката Мирјана Јанчевска во вечерашното издание на дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

Во вечерашното издание на „Click Plus“ дебатираме со Мирјана Јанчевска – професор, Ване Цветанов – поранешен директор на управата за финансиско разознавање и Џабир Дерала – аналитичар.

Се вчитува...

Извор: ТВ21