Јанев: Директорот на болницата „13 ноември“ примил 20.000 евра поткуп за сместување болно и неподвижно лице

Директорот на геријатриската болница „13 ноември“ примил поткуп од 20.000 евра. За тие пари, требало да сместат болно и неподвижно лице, изјави директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев.

„Девастираниот систем мора да го вратиме и ќе го вратиме во функција. За жал, кога сѐ уште владее национална тага, некои поединци се осмелуваат нелегално да профитираат. Во координирана акција со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, приведени се две лица, меѓу кои и директор на здравствена установа, поради сомнение за примање поткуп во износ од 20.000 евра. Директорот, заедно со посредник, барале и примиле поткуп за сместување болно и неподвижно лице во геријатриска установа“, вели Јанев.

Јанев додава „продолжуваме посветено да делуваме во насока на расчистување на корупцијата и организираниот криминал, придонесуваме за обезбедување на правдата, правични и транспарентни институции. Не дозволуваме и нема да дозволиме ваквите случаи да останат неказнети“.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното