Македонија

Јанева смета дека не е виновна, исказот го давала како сведок, но во присуство на адвокат

Неколку минути по 10 часот, Јанева пристигна со службениот автомобил. Ја пречека адвокатот Стеван Павлески, кој беше присутен со неа за време на повеќе од четири часовниот исказот. По завршувањето на распитот, не соопштија никакви детали. Јанева собра храброст и застана пред новинарите, но не потврди дали снимките на италијанскиот весник „Ла Верита“ се веродостојна.

Новинар: Дали тоа е вашиот глас што го слушнавме, кога му велите на господинот Камчев дека сè ќе биде во ред?

„Мора да бидете трпеливи за тоа. Тоа не можае сега…Не смеам да го кажам тоа, бидејќи ова е истрага, треба да знаете и мислам дека тоа е општо познато дека во истрага не се споделуваат информации. Ќе има вероватно, се надевам дека ќе има судење каде што ќе бидете присутни и ќе се гледаме уште…“, изјави Катица Јанева – обвинител во СЈО.

Иако Рускоска рече дека мобилните телефони на Јанева биле форматирани и во нив не е пронајдено ништо, сепак Катица денеска го демантираше ова.

„Не е форматиран….Се работи за два мои телефони кои сум ги користела. И двата се одземени и се на анализа во обвинителството“, додаде Катица.

Новинар: Не се одземени кога се побарани, туку откако се форматирани…

„Не, не не! Тоа е трет телефон што е изгубен“.

Јанева рече дека била повикана како сведок во „Рекет“, а за адвокатот Стеван Павлески рече дека и е правен консултант. Но, интересно е тоа што Павлески е адвокат на Цветан Панделевски, кој заедно со Орце Камчев е осомничен во случајот „Империја“. Тоа е оној ист случај за кој Боки 13 добивал пари од Орце Камчев за да избегне затворска казна.

„Јанева не си на распит“, рече нејзиниот адвокат, Стеван Павлески.

Во кратките одговори кои ги даваше на новинарите, рече дека не чувствува вина.

Новинар: Дали очекувате истрагата да се прошири и на вас?

„Не знам што да кажам, тоа треба да ја прашате обвинителката“

Новинар: Дали чувствувате вина?

„Јас, не!“

Новинар: Дали знаете каде е Орце Камчев?

„Не“

Новинар: Сепак се уште е осомничен во истрагата?

„Да“

Новинар: Зошто сте предложиле да има спогодба за предметот „Империја“, осомничените да не одговараат?

„Тоа има време кога ќе се објасни“

Новинар: Дали знаете дали има инволвирано некој политичар во овој случај?

„Не знам“

Гласот на Јанева се слуша во една од снимките кои ги објави „Ла Верита“. Во таа снимка специјалната обвинителка и Боки 13 разговараат со Орце Камчев.

БЈ: Добро, имаш поздрав од жената (Катица Јанева-н.з.).

ЈК: Ти благодарам, поздрави ја.

БЈ: Јас завршувам, кога да пројдам?

ЈК: Јас сум дома, за едно пола сат.

КЈ на телефонот на БЈ: Не се секирај за ништо сѐ ќе биде ОК.

ЈК: ОК, ОК нема проблем.

Јанева претходно, за оваа комуникацијата рече дека разговарала со Камчев за да стане сведок-сорабтник во СЈО, но денеска не сакаше да коментира. Во објавените снимки се гледаше и еден милион евра наредени во скапа „Луи Витон“ ташна која завршува во рацете на второосомничениот во „Рекет“ Зоран Милевски-Кичеец , а во негово друштво е и Бојан Јовановски.

За рекет во претходните денови искази даваа Кичеец, обвинителите д СЈО Лиле Стефанова, Елизабета Јосифовска и Бурим Рустеми, како и шефицата на кабинетот на Катица Јанева.

РЕПОРТЕР: ЈОВИЦА ПАУНОСКИ

Извор: ТВ21