Македонија

Јаневска: Дури 75% од деветтоодделенците се запишуваат во средно стручно образование

Јаневска: Дури 75% од деветтоодделенците се запишуваат во средно стручно образование

Сè поголем број млади луѓе ја препознаваат можноста за брзо вработување преку средното стручно образование. Дури 75 отсто од учениците кои го завршуваат деветтото одделение годинава избраа стручни училишта, додека останатите се запишаа во гимназиите, истакна министерката за образование и наука, Весна Јаневска, во гостувањето на 4ТВ.

Клучна улога во оваа голема заинтересираност има концептот на дуално образование, односно учење преку работа директно во компаниите.

„Учениците кои посетуваат дуални паралелки минуваат значаен дел од наставата на практика во приватниот сектор, каде што најчесто и се вработуваат веднаш по завршувањето на училиштето. Секако, дел од овие ученици подоцна продолжуваат на факултет, што е сосема природно, но значаен дел веднаш и успешно влегуваат на пазарот на трудот“, нагласи Јаневска.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни