4NEWS.mk

Јапонија: Одобрено вкрстување луѓе со животни, експериментите почнаа

Јапонски научници ќе создадат хибрид на човек и животно во ембрионална форма со вметнување човечки клетки во ембриони на глувци и стаорци. Научниците добија таква можност  откако јапонските власти ги укинаа законодавните ограничувања за истражување во областа.

Се претпоставува дека научниот напредок во таа област ќе помогнат во одгледување  вештачки човечки органи, објави Индипендент. Соопштеное е дека дел од експериментите ќе бидат спроведени на Универзитетот во Токио.

Поддржувачите на проектот, предводени од познатиот генетичар Хиромико Накаути, веруваат дека тоа би можело да биде првиот важен чекор кон култивирање органи, што потоа би можеле да биде трансплантирани кај луѓе. Сепак, критичарите на таквата иницијатива тврдат дека научниците решиле „да си играат Бог“.

Тие веруваат дека човечките клетки можат да се најдат надвор од целните органи во телото на животното и дека тоа може да создаде суштество кое ќе биде половина човек и половина животно.
 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни