Нанмадол, еден од најсилните тајфуни што некогаш ја погодиле Јапонија, удри во јужниот остров Кјушу во неделата, соопшти Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА), предупредувајќи на силни ветрови и високи бранови.
14-тиот по ред пацифички тајфун оваа сезона и убедливо најголемиот што ја погодил Јапонија, пристигна со рекордни врнежи од дожд, додава JMA и предупредува дека реките може да се излеат поради обилните врнежи.
Во следните 24 часа, Кјусу се очекува да биде погоден со дожд од 400 мм и удари на ветер до 234 километри на час, додека во централниот регион Токаи се очекува да има дожд до 300 мм.
Tajfun #Nanmadol izgleda prekrasno iz svemira, no na zemlji ga se grozimo s pravom! Upravo “udara” na Japan. @WMO @NASA @N1infoZG pic.twitter.com/e6K7XzPgc4
— Tea Blažević (@blaTeabla) September 18, 2022
Тајфунот предизвика штета на југот на островот, а автобуските станици беа урнати и скршени стакла. Железничкиот и воздушниот транспорт беа откажани, а познатиот трговски синџир Seven-Eleven привремено затвори околу 950 продавници.
Властите издадоа „специјално предупредување“ поради налетот на тајфунот, а најмалку четири милиони луѓе беа предупредени да се евакуираат.
Јавниот радиодифузен сервис NHK, кој собира информации од локалните власти, известува дека повеќе од седум милиони луѓе биле советувани да се засолнат во цврсти објекти.
Се прогнозира дека бурата ќе сврти кон исток и ќе го премине главниот јапонски остров Хоншу пред да стигне до морето до среда.
Силен дожд падна и во Токио, а подземната железница во Тозаи беше поплавена и сообраќајот беше во прекин.
Овој тајфун би можел да испадне полош од тајфунот Џеби, кој уби 14 луѓе во 2018 година и тајфунот Хагбис, кој предизвика прекин на електричната енергија во речиси целата земја во 2019 година.
Кјушу е најјужниот јапонски остров со околу 13 милиони жители.
Јапонија е добро подготвена за вакви силни бури, но научниците тврдат дека поради климатските промени тие стануваат се посилни и поуништувачки.