Свет

Јапонска фирма ќе им пушта музика со дронови на вработените за да не работат прекувремено!

Јапонска фирма ќе им пушта музика со дронови на вработените за да не работат прекувремено!

Јапонката Мицио Нишигаки била горда мајка на својот единствен син Ноа, кој веднаш по завршувањето на студиите почнал да работи во голема телекомуникациска компанија. Ноја ги сакаше компјутерите и беше среќен што му беше дадена шанса да се докаже. Но, две години подоцна сè тргна надолу. Тој отиде да спие и не можеше да стане од кревет. Само и рекол на мајка си „да го пушти да спие“. Почина наскоро, на 27-годишна возраст, јавуваат јапонските медиуми.

Мицио подоцна од колегите на нејзиниот син дознала дека тој неуморно работел. Работата најчесто ја вршеше до поаѓање на последниот воз, а ако случајно задоцни спиеше во канцеларија. Понекогаш работеше ноќе, 37 часа без прекин.

Неговата смрт беше официјално означена со јапонскиот збор „кароши“, термин кој се користи за означување на смрт од прекумерна работа.

Јапонија со години се бори со прекувремена работа и здравствени проблеми предизвикани од замор на работниците, па дури и смрт.

Една јапонска компанија дошла на идеја да ги принуди своите вработени да не остануваат прекувремено на работа со дрон што ќе пушта музика.

Дронот ќе лета низ канцелариите под звуците на „Auld Lang Syne“, песна која обично се пушта во трговските центри за да се означи крајот на работата.

време.

Како што најавуваат јапонските медиуми, „Таисеи“, компанија за обезбедување канцеларии и одржување на хигиена, планира да започне да користи ваков уред во соработка со компанијата за производство на беспилотни летала „Blu Innovations“ и телекомуникациската компанија „NTT East“.

Извршниот директор на Taisei, Норихито Като, вели дека ќе биде невозможно работниците да продолжат со работа откако ќе сфатат дека музичкиот дрон повторно и повторно ќе влегува во канцеларија додека не ја напуштат.

Планот на оваа компанија е да го стави дронот во пробна работа, а подоцна да го понуди на други заинтересирани компании.

Проблемот со редовните прекувремени часови на работа е длабоко вкоренет во јапонската култура.

Скот Норт, професор по социологија на Универзитетот во Осака, вели дека дури и ако дрон ги избрка работниците од зградата, тие ќе продолжат да работат од дома за да ги завршат нивните секојдневни задачи.

За да се укине прекувремената работа, тој смета дека е потребно да се намали дневната стапка или да се вработат повеќе работници.

Јапонија со години се обидува да ја промени работната култура каде што е срамота да го напуштите работното место пред вашите колеги или шеф.

Прекувремената работа, особено кај нововработените во компанијата, е главниот виновник за многу здравствени проблеми кои се јавуваат, особено за срцев удар, мозочен удар, па дури и за самоубиство.

Владата претстави нова програма со која ги охрабрува компаниите да ги пуштат своите вработени од работа во 15 часот во последниот петок од секој месец. Но, програмата не замина затоа што голем број вработени рекоа дека последниот петок во месецот е и денот кога имаат најмногу работа.

Според едно истражување, речиси четвртина од јапонските компании ги принудуваат своите вработени да работат повеќе од 80 часа прекувремена работа месечно, често без надомест, а 12 отсто од компаниите работат повеќе од 100 часа прекувремена работа. Овој податок е многу важен бидејќи секоја прекувремена работа која надминува 80 часа месечно ја зголемува можноста за смрт на работникот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни