Јапонската принцеза се откажа од титулата само поради „обичен“ човек – ги прекрши сите правила…

Поранешната јапонска принцеза Мако, внука на царот, денеска ја напушти земјата со својот сопруг, за да започне нов живот во САД.

Позната како Мако Комуро, откако минатиот месец се откажа од кралската титула за да се омажи за средношколската љубов Кеи Комуро, поранешната принцеза поминала покрај новинар со нејзиниот сопруг на меѓународниот аеродром во Токио Ханеда, пренесува „Еуроњуз“.

Нивниот брак ја освои Јапонија и започна јавен дијалог за родовите улоги и медиумското покривање на кралското семејство.

На Мако годинава и беше дијагностицирано посттрауматско стресно растројство, бидејќи свршувачката беше проследена со финансиски скандал, интензивен медиумски надзор и тригодишна разделба на парот.

Откако се омажи за Кеи Комура, Мако, ќерката на престолонаследникот Акишин и принцезата Кико, за прв пат во животот доби пасош за да може да отпатува во Њујорк, каде што нејзиниот сопруг работи во адвокатска канцеларија.

Медиумите пишуваат и дека парот ќе живее под кирија, во еднособен стан во Њујорк, а киријата сами ќе ја финансираат.

За потсетување: Принцезата Мако наводно отфрлила милиони од владата и ги игнорирала традиционалните кралски должности. Износот од околу 150 милиони јени обично се дава како компензација на женските членови на семејството кои со закон се принудени да се откажат од својот кралски статус по бракот.

Принцезата Мако (29) е првата жена од повоеното кралско семејство која се омажила без традиционална шинтоистичка церемонија, што е вообичаена за кралското семејство.