„Јас верував во СЈО, но многу ми е непријатно тоа што се случи со оваа институција“, рече Николовска

Поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права во Стразбург Маргарита Цаца Николовска во „ЕУклик“ на ТВ21 посочи дека таа верувала во Специјалното Јавно Обвинителство, но многу и е непријатно за тоа што се случи со оваа институција.

Се вчитува...

„Многу се веруваше во СЈО. Мене ми е многу непријатно што се случи тоа. навистина верував и сметав дека тоа тело ќе ја заврши, барем во оној период, својата надлежност. Таму има многу добри кадри, ги гледаме и ден денеска како постапуваат. Јас не би сакал да коментирам за самата пресуда за специјалната обвинителка е прогласена за виновна, од причини што таа не е правосилна. Имаме одредени информации и искажувања, но како судија, никогаш не сум сакал да коментирам неправосилни. Да дадеме можност прво оние кои се надлежни да постапуваат, а тоа се Апелација, да видиме кога ќе стане одлуката правосилна“, истакна Николовска.

.

Извор: ТВ21