Јавен обвинител на увид во Арачиново, ќе се обезбедуваат снимки од објектите

Две лица се повредени во престрелка попладнево во Арачиново, Македонија.

Според информациите, со автоматска пушка било пукано кон автомобилот на градоначалникот Ридван Ибрахими.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје извршил увид на лице место и издал наредби за прибирање траги и вршење соодветни вештачења, велат од ОЈО Скопје.

Од Обвинителството дополнуваат дека ќе биде издадена и наредба за обезбедување снимки од видео надзор од околни објекти, како и за преземање други дејствија.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното