Во живо Вонредна прес конференција Зборува губернерот Трајко Славески Гледај
Свет

Јавниот превоз во Истанбул ќе сообраќа без престан на новогодишната ноќ

Јавниот превоз во Истанбул ќе сообраќа без престан на новогодишната ноќ

На 1 јануари 2023 година патувањето во метрополата ќе биде бесплатно

Градскиот превоз во Истанбул ќе сообраќа без престан на новогодишната ноќ до 5 часот наутро за жителите и гостите на метрополата. Истанбулската општина објави дека на 31 декември и 1 јануари ќе сообраќаат дополнителни 260 метробуси.

Автобусите за новогодишната ноќ ќе сообраќаат на вкупно 168 линии. Доколку има потреба ќе бидат пуштени и дополнителни автобуси. Исто така, објавено е дека на 1 јануари 2023 година, јавниот превоз во Истанбул ќе ги превезува жителите и гостите на метрополата бесплатно.

Традиционално, јавниот превоз превезува патници бесплатно на официјалните и верските празници во Турција.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни