Свет

Јемен: Прогласена вонредна состојба поради епидемијата на колера

Хусите во Јемен прогласија вонредна состојба со цел борба против епидемијата на колера, која е распространета во подрачјата што Хусите ги држат под контрола, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според веста на новинската агенција „Саба“, поврзана со Хусите, Таха ел Мутевекил, кој ја врши функцијата министер за здравство во формираната Влада, соопштил дека е прогласена вонредна состојба, со цел борба против епидемијата на колера во подрачјата што ги држат под контрола.

Во саботата Хусите донесоа одлука за затворање на кантините во сите училишта во Сана, со цел борба против колерата.

Епидемијата на колера е регистрирана особено во подрачјата што се под контрола на Хусите во Јемен.

Според писменото соопштение на Герт Капелаере, директор на УНИЦЕФ за Средниот Исток и Северна Африка, и Ахмед ел Манзури, директор за регионот на Источен Медитеран на Светската здравствена организација (СЗО), од почетокот на 2019 година досега забележан е голем раст на случаите на колера во Јемен, каде што заклучно со 17 март биле регистрирани 109.000 случаи, од кои 190 лица го загубија својот живот.

The post Јемен: Прогласена вонредна состојба поради епидемијата на колера appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни