Кошаркарот на Денвер, Никола Јокиќ истакна дека не му треба медиумско внимание, и дека не го интересира дебатата дали е „најнепочитуваниот МВП“.
Тренерот на Нагетс, Мајкл Мелоун неодамна изјави дека српскиот центар заслужува подобар третман и дека е „најмалку почитуваниот МВП во историјата на лигата“.
По победата над Портланд, новинарите се интересираа што мисли Јокиќ за сето тоа.
„Ми се допаѓа. Ако не ме почитуваат, ми се допаѓа. Ако ме почитуваат, и тоа ми се допаѓа. Не ми треба медиумско внимание, ниту општо внимание. Сакам само да играм“, истакна Никола.
Нагетс ги совладаа Блејзерс со 140:108. Јокиќ мечот го заврши со 20 поени (8-10 од игра, 1-2 за три), со 8 скока и 7 асистенции.
„Секогаш е добро да се победи. Секоја победа е важна. Посебно сега поради Ковид, повреди, се“, додаде Никола.
Денвер е на шестото место на Западот со скор 21-19.
