Познатиот македонски новинар Борјан Јовановски вечерва се огласи на социјалната мрежа Фејсбук.
Тој коментирајќи ги високите температури во Скопје, вели дека премиерот и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ треба да постигнат консензус за една работа, а тоа е легализацијата на марихуаната.
„Топло ве е во градов. Одамна не сум бил во јули. Обично ова време сум во Брајчино на Преспа. Убаво е, како и поголем дел од државата….Туку што е проблемот што е се вака запенавено. Ниту некој може некого со сила Бугар (или што да е) да направи ниту па ќе пропадне Македонија ако не прифати преговори. Дајте малце пробајте пооппуштени. Еве Таче и Мицко нека направат концензус за легализаија на марихуана. Малце лабаво дечки…“, напиша Борјан Јовановски.