Македонија

ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведува засилени активности за расчистување по обилните дождови што попладнево го зафатија градот Скопје

ЈП Комунална хигиена-Скопје  спроведува засилени активности за расчистување по обилните дождови што попладнево го зафатија градот Скопје

По денешните обилни врнежи од дожд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведуваат активности за расчистување на јавните и сообраќајните површини, со цел да се овозможи проодност на движењето на пешаците и безбедно одвивање на сообраќајот.

Активностите се одвиваат во координација со Градот Скопје и останатите јавни градски претпријатија.

Претпријатието работи со максимален капацитет и ангажираност на сите расположливи работници на терен, како и употреба на целокупната механизација.

Активностите се одвиваат во сите скопски општини, во тек е расчистување на булеварот Гоце Делчев, подвозникот на стоковната куќа „Мост“, подвозникот Павел Шатев, како и повторно поставување на садовите за одлагање на отпадот коишто беа изместени во текот на невремето.

ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе продолжи со активностите  во текот на целата ноќ, во насока на целосно санирање на последиците од невремето на терен.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни