Каналот „Јутјуб“ објави дека во иднина авторите на нивните содржини ќе можат да го сокријат бројот на дислајкови, т.е. недопаѓања на видеата.
Причината за ваквата одлука е што би ги „обесхрабрила герилците на кои не им се допаѓаат“, посочуваат од таа компанија.
Под тоа, тие подразбираат група луѓе кои намерно негативно ги означуваат видеата на поединечни создавачи и канали. Во моментов, податоците за допаѓања и недопаѓања се видливи за креаторите на страницата на YouTube Studio, но на видеото ќе бидат објавени само позитивните гласови.
Од компанијата истакнуваат дека „палецот надолу“ може негативно да влијае на благосостојбата на креаторите.
Мислењата се дека бројот на недопаѓања може да влијае на корисникот на оваа платформа негативно да го оцени видеото.
Интересно е што во последно време речиси сите снимки што ги објави „Белата куќа“ добиваат повеќе дислајкови отколку лајкови.
