Тим од меѓународни и јужноафрикански истражувачи открија фосилни остатоци од рано дете хоминид во пештера во Јужна Африка.
Тим научници извести за откривање на делови од черепот и забите на дете од видот Хомо наледи, кое изумрело пред речиси 250.000 години, а се работи за дете кое имало меѓу четири и шест години, пренесува АП.
Фосилни остатоци беа пронајдени во оддалечен дел од пештерата, што сугерира дека телото е ставено таму намерно, во нешто што би можело да биде некој вид гробница.
Хомо наледи е вид од родот хомо, сроден со современиот човечки вид Хомо сапиенс.
Овој вид е откриен во 2013 година од двајца спелеолози во пештерскиот комплекс „Rising Star Cave“ во јужноафриканската провинција Гаутенг, 50 километри северозападно од Јоханесбург.
Заклучокот дека хомо наледи живеел помеѓу 236.000 и 335.000 години и не изумрел многу порано, а до моментот кога пристигнале научниците, покажува дека семејното стебло „Хомо“ е поразновидно отколку што првично се мислело.
