Јужна Кореја и Соединетите Американски Држави одржаа заеднички воени вежби со цел заштита од закани од Северна Кореја, соопшти денеска Министерството за одбрана на Јужна Кореја. Вежбите вклучуваат одбрана од потенцијални хемиски, биолошки и радиолошки напади од Северна Кореја, пренесува Јонхап. Вооружените сили на двете земји, како што се наведува, одржале вежби на терен, а потоа разговарале за соработка во областа на заштитата од нуклеарни, хемиски и биолошки напади.
Јужна Кореја и САД одржаа заеднички воени вежби за заштита од радиолошка опасност