СДСМ денеска низ соопштение го нападна претседател Ѓорге Иванов за негово недомаќинско работење во времето кога истакува неговиот мандат. Од кабинетот на првиот човек на државата со реакција. Велат дека СДСМ го обвинуваат претседателот во време кога секојдневно се појавуваат низа скандали предизвикани токму од владеачката партија.
„Голема иронија е што СДСМ се дрзнува да го обвинува претседателот Иванов за недомаќинско и неодговорно работење, во време кога речиси секојдневно македонската јавност се шокира од бројните скандали и пропусти, предизвикани токму од нив. Сметаме дека станува збор за уште еден очаен напад на претседателот Иванов, со цел да се пренасочи вниманието на јавноста од неморалното и несовесното работење на владеачката партија“, се вели во соопштението на Иванов, кое го пренесе МИА.
Од кабинетот на претседателот се бранат дека набавените вратоврски и марами се со цел промоција и маркетинг до крајот на мандатот.
„Вистината е дека се набавени 50 марами и 100 вратоврски со името на претседателот Иванов кои се наменети како протоколарен подарок за странски делегации и гости, до завршување на мандатот на Иванов“, се наведува во соопштението.