Центарот за дијализа „Диамед“, веќе е дел од шведската компанија „Диаверум“ која исто така е во областа на третманот на бубрежно болните лица. Банкарската сметка на „Диамед“ е отворена и функционира нормално како подружница на “Диаверум“, тврди оперативниот директор Борис Зјачич.
„Сметката на компанијата не е блокирана и ние нормално функционираме“, изјави Борис Зјачиќ, главен оперативен директор на „Диаверум“.
Н: Зборуваме за „Диамед“ Македонија?
Да, зборуваме за „Диамед“ Македонија, кој всушност е подружница на “Диаверум“ во Македонија, одговори Зјачиќ.
Главниот извршен директор на “Диаверум“, Димитрис Мулавасилис, вели дека три години пред да ја преземат компанијата „Диамед“, истражувале за минатото на компанијата, меѓутоа немало нерегуларности, иако сега се свесни за истрагата на Основното обвинителство.
„Свесни сме за овие наводи, но би сакал да повторам дека како глобална компанија ние оперираме со високи стандарди и пред да влеземе во одредена држава, или пред да преземеме одредена компанија, ние секогаш ги испитуваме сите детали за минатото на компанијата и ние не најдовме никаква врска за овие наоди, го следиме процесот и ќе го чекаме крајниот резултат“, изјави Димитрис Мулавасилис, главен извршен директор на „Диаверум“.
11 милиони евра од продажбата на „Диамед“,, беа префрлени на сметка во Монако. Сомнежите одат на адреса на Вера Иванова, поранешна сопственичка на „Диамед“. Со истата адреса на компанијата се спомнува и името на кумот на Никола Груевски, Ристо Новачевски. Со барање на Јавното обвинителство за организиран криминал, банкарските сметки беа блокирани од властите во Монако и се уште се замрзнати. Меѓутоа изгледа дека блокирањето на сметките во Монако не е поврзано со сметката на „Диамед“, како компанија која веќе е во сопствеништво на “Диаверум“.
Во ноември 2018, Јавното обвинителство го истражи начинот на доделување на концесија за „Диамед“, која во 2010 започна со менаџирање на 9 центри за дијализи. Од ЈО побаравме информации за истрагата за предметот „Диамед Македонија“, но од таму ни рекоа дека во интерес на постапката, сега засега не можат да излезат со повеќе детали.
РЕПОРТЕР: БЕСИР АРИФИ