Свет

Кадиров: Денеска ќе ги сотреме војниците во Азовстал

Кадиров: Денеска ќе ги сотреме војниците во Азовстал

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров вели дека украинските борци кои се уште се борат во Мариупол ќе бидат „сотрени“ до крајот на денот.

„На радост на сите оние кои чекаат мир и стабилност во Украина, денеска,, со помош на Семоќниот, ќе ги сотреме Бандеровците (украински националисти) во Мариупол и целосно ќе го окупираме Азовстал“, напиша Кадиров на Телеграм.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни