Во живо Вонредно Ноќно студио 20:00 „Кризата со Алта Банка“ Гледај
Свет

Кадиров вети одговор на нападот со беспилотни летала врз Универзитетот на руските специјални сили

Кадиров вети одговор на нападот со беспилотни летала врз Универзитетот на руските специјални сили

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров вети одговор на нападот со дрон утринава врз Универзитетот на руските специјални сили во Гудермес, Чеченија.

Кадиров рече дека нападот ќе доведе до одмазднички мерки, пренесе ТАСС.

Чеченскиот лидер претходно на Телеграм објави дека беспилотно летало го нападнало Универзитетот на руските специјални сили во Гудермес, по што се запалил покривот на една од зградите, а немало повредени.

Кадиров изјавил дека зградата во која се запалил покривот е празна и дека пожарот е изгаснат, пренесува РИА Новости.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни