Кафе Јамајка (Jamaica Coffee)

Совршена кафе напивка после вашиот оброк – брзо се подготвува, има силен вкус „зачинет“ со малку алкохол и изгледа фантастично. Декорацијата ќе ви ја оставиме вам, а еве го рецептот… Потребно време за подготовка: 5 минути

Потребни состојки:

  • 20 мл црн рум
  • 20 мл ликер од кафе
  • 200 мл варено црно кафе
  • шлаг

Начин на подготовка: Сипете ги румот и ликерот од кафе во декоративна чаша за кафе, а потоа наполнете ја со штотуку сварено кафе. На крајот додадете шлаг и украсете ја со неколку зрна кафе.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното