На Балканот и во Македонија ретко кој не се буди со топла шолја традиционално црно кафе. Без тоа многумина се како слепи и не можат да го започнат денот.
Но, дали сте ја знаеле најстарата метода на подготовка на турско кафе?
Tрадиционалниот начин на подготовка е на врел песок, а тајната на добриот вкус е никако да не дозволите кафето да зоврие.
Дали знаете што има во популарните „3 во 1“ инстант кафиња?
Содржината на кафе во нив е минимална, а искористеното зрно е со лош квалитет затоа што поголемиот дел од позитивните својства се губи за време на термичката обработка.
Сите знаеме дека прекумерното конзумирање на кафе може да предизвика симптоми на психофизичка зависност и несакани ефекти врз здравјето.
Но, обичното турско кафе има низа предности. Тоа е богато со минерали, со манган и магнезиум, Б3 витамин и има силни антиоксидативни својства па придонесува за здравјето на мозочните ќелии, штити од атеросклероа и од неколку вуда карцином.
Ова неможеме да го тврдиме за инстант кафето. Содржината на кафе во нив е минимална, а искористеното зрно е со лош квалитет затоа што поголемиот дел од позитивните својства се губи за време на термичката обработка.
При изборот на кафе треба да се земе во предвид дека главната состојка на овие пијалаци е шеќерот, кој во комбинација со растителните масти, глукозниот сируп, аромата и останатите додатоци дава привлечен вкус.
Хидрогенизираната растителна маст може да биде извор на штетните трансмасни киселни, а полифосфатите кои се регулатори на киселоста имаат лошо влијание на здравјето на коските.
Кофеинот, алкалоидот што предизвикува будност во инстант кафето е во поголема концентрација, отколку во обичното кафе. Не е препорачливо дневната доза на кофеин да преминува 300 милиграми, а во еден филџан инстант кафе има речиси 100 милиграми.
Исто така инстант кафето може да предизвика и прекумерно лачење киселини.



