Голема е веројатноста дека овошјето и зеленчукот купени на пазар имаат пестициди, а вие ги јадете несвесни за нивното присуство кое може да предизвика сериозни проблеми по вашето здравје. Погледнете како да ги отстраните пестицидите во шест лесни чекори.
Измијте го овошјето и зеленчукот со млака вода
Внимавајте: премногу ладната или врела вода ги мие штетните, но и здравите работи. Ако користите млака вода за миење овошјето не само што ќе биде чисто туку и сјајно.
Потопете ги во солена вода
Ставете ги овошјето и зеленчукот во голем сад со вода и додадете пола кафена лажичка сол. Оставете ги неколку минути, а потоа измијте ги со чиста вода.
Разреден оцет
Најдобар начин за отстранување на пестицидите од кората на овошјето или зеленчукот е да се измијат со оцет. Потопете ги во сад со вода и една кафена лажичка оцет, оставете ги да отстојат и потоа одново измијте ги со чиста вода.
Излупете ја кората
Намирниците како што се лукот, доматот, портокалите, мангото, ротквиците и репката имаат кора која се лупи. Измијте ги, излупете и повторно измијте ги со вода пред да ги јадете.
Домашен спреј за чистење
Помешајте супена лажица сок од лимон и две кафени лажички сода бикарбона и една шолја вода за да направите раствор за прскање и чистење на овошјето и зеленчукот. Чувајте го овој раствор на ладно место и далеку од допир на сончева светлина.
Чистете го овошјето со крпа
Користете влажна крпа да ги избришете намирниците пред да ги јадете.