Како да подготвите одличен домашен ликер од кора од мандарина

Ликерите од цитрус се разноврсни и многу често се користат во коктели. Иако секогаш можете да ги купите во продавница за алкохол, правењето ликери од нула е лесно и нуди неколку начини да ги прилагодите на вашите специфични вкусови и потреби. Денеска ќе се фокусираме на подготовка на ликер од кора од мандарина, но на ист начин можете да подготвите и ликер од кора од портокал. Рецептот бара само неколку состојки, и иако не е најбрз за правење, генерално е прилично едноставен проект.

Подготовка

Ќе ви требаат непрскани и зрели мандарини од органско земјоделство, вотка, шеќер и малку трпение. Мандарините убаво измијте ги, исушете ги, излупете ги и исечете ја кората на ленти. Во тегла ставете ја кората од мандарина и прелијте ја со вотка. Чувајте го на ладно место и нежно протресете ја теглата секој ден.

По една недела извадете ја кората од течноста и проверете дали е кршлива. Ако кората е крцкава, спремна е да се подготви ликерот. Во тенџере на средна топлина загрејте ги шеќерот и водата. Со повремено мешање почекајте шеќерот да се раствори, па тргнете го од оган и оставете го да се излади. Потоа процедете го алкохолот од теглата и во него додадете шеќерен сируп и измешајте.

Добиената течност истурете ја во чисто и стерилизирано шише. Чувајте го ликерот во фрижидер, а можете да го послужите како аперитив, да го користите во коктели или да подготвувате десерти. Иако ликерот се пие веднаш, неговиот вкус дополнително ќе се подобри кога ќе отстои уште една или две недели.

Во продолжение детален рецепт:

Состојки

-500 мл квалитетна вотка
-5 мандарини
-350 шеќер
-350 ml вода

Подготовка

Мандарините убаво измијте ги, исушете ги, излупете ги и исечете ја кората на ленти.

Во тегла ставете ја кората од мандарина и прелијте ја со вотка. Чувајте го на ладно место и нежно протресете ја теглата секој ден.

По една недела извадете ја кората од течноста и проверете дали е кршлива. Ако кората е крцкава, спремна е да се подготви ликерот.

Во тенџере на средна топлина загрејте ги шеќерот и водата. Со повремено мешање почекајте шеќерот да се раствори. Тргнете од оган и оставете да се излади.

Процедете го алкохолот од теглата и во него додадете шеќерен сируп и измешајте. Добиената течност истурете ја во чисто и стерилизирано шише. Чувајте го ликерот во фрижидер.