Како што се ближи крајот на годината, така сѐ повеќе зачестуваат забавите и излегувањата на кои пиете до доцна во вечерта, па наредното утро се будите со мамурлак. Затоа, би било добро да знаете дека постои лек за мамурлак.
Сепак, не постои магичен напиток кој ќе го избрка мамурлакот од вашето тело, но постојат различни пијалоци и видови храна кои ќе ви помогнат да го тргнете ова ужасно чувство од денот.
Најважната работа е да пиете вода во текот на целиот ден. Алкохолот е диуретик, што значи дека го форсира исфрлањето на течности од телото. Тоа пак, значи дека мозокот ќе повлече течности од мозокот и стомакот, што ќе предизвика главоболки и болки во стомакот.
Еден од најголемите спасители против мамурлакот е јајцето, без разлика дали е пржено, варено или живо. Во јајцата се содржат амино киселини како што е тауринот, кој ја подобрува функцијата на црниот дроб.
Доколку ви треба десерт наутро по целовечерното пиење, пробајте со банани, јогурт и урми. Тие содржат потасиум, кој ви е потребен по губењето на течности за телото правилно да се регенерира.
Исто така, наместо да конзумирате слатки работи во голема доза, подобро за вашето тело е да внесете мед во огранизмот, со тоа што ќе го распределите добро во различна храна.
Во ситуации во кои мамурлакот ве совладува, избегнувајте јадење на пржена храна. Мрсната храна е подобро да се конзумира пред алкохолот, за тој да може подобро да биде апсорбиран.