Балкан

Како функционираат штабовите на кандидатите? Активистите 24/7 подготвени за презентација на програмите

Иако недела, ден за одмор, штабовите на претседателските кандидати продолжуваат со активности. Активистите на тројцата кандидати во секој момент се подготвени на граѓаните да им ја претстават програмата на нивниот кандидат.  Ги посетивме штабовите на кандидатите кои се отворени од раните утрински часови. Активистите делат флаери со програмата на нивниот кандидат. Активистите на Стево Пендаровски кај штабот што се наоѓа на улица Македонија, велат дека секој ден одржуваат состаноци со нивниот кандидат.

Во Скопската чаршија се наоѓа штабот на кандидатот Блерим Река. Активистите кои ги сретнавме овде велат дека се отворени 24/7 за презентација на програмата на Река.

Еден од штабовите на кандидатката Гордана Силјановска Давкова се наоѓа на улица Рекорд. Претседателот на овој штаб вели дека се отворени за сите граѓани кои сакаат да ја слушнат програмата на Силјановска.

Колку ќе успеат во убедувањето на посетителите на штабовите ќе се знае по првиот круг од претседателските избори кој ќе се одржи на 21 април, и  вториот на 5 мај. Право на глас имаат 1 800 131 граѓани.

РЕПОРТЕР: АФРИМ ЈОНУЗИ

The post Како функционираат штабовите на кандидатите? Активистите 24/7 подготвени за презентација на програмите appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни