Информациите на 4NEWS.mk објавени пред два месеци, денеска ги потврди министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Поранешниот министер за локална самоуправа Горан Милевски ќе замине за амбасадор на Северна Македонија во Љубљана, Словенија, а ексминистерот без ресор задолжен за дијаспората Едмон Адеми ќе ја заземе амбасадорската позиција во Мадрид, Шпанија.
Оставката од министерската функција тој ја поднесе кон средината на септември од, како што наведе тогаш, лични причини. Освен оттаму, тој се повлече и од лидерската позиција во Либерално-демократската партија (ЛДП) на која во ноември беше избрана пратеничката Моника Зајкова.