РЕК Битола ќе плати над 9 милиони евра за специјализирана работна рака која треба да работи на ремонтни активности на трите блока во најголемиот производител на струја во Македонија. Најблаго речено „боде очи“ фактот што раководството на РЕК во заминување во само три дена склучи дури 25 договори по тендери и сите тие се за работна рака потребна за ремонти. А вкупно за период од 10 работни дена раководството склучи договори за вкупно 51 тендер. И од РЕК да е многу е! Особено затоа што историските податоци покажуваат дека ремонтите на постројките се прават во лето, но никогаш не почнуваат сите активности во август, пишува Фактор.
Раководството во заминување на РЕК Битола, најголемиот производител на струја во Македонија, склучи 30 договори за ремонтни активности на постројките на комбинатот за помалку од една недела, покажуваат официјалните објавени податоци допстапни во целост на линкот подолу.
Уште пофасцинантен е податокот дека за период од две седмици (16 до 29 јули годинава) раководството на РЕК Битола склучило вкупно 51 тендер во вкупна вредност што надминува 10 милиони евра.
Најголем број од тендерите се за услуги поточно за ремонтни активности или најточно кажано за ангажман на специјализирана работна рака. Значи бизнис бомбона што би рекле нашите политичари. Небаре РЕК Битола, компанија со повеќе од 2.000 вработени нема соодветна стручна работна рака за дел од тие активности кои се бараат со овие четириесетина тендери.
Читај повеќе на Фактор