„Како црн облак да ни е над главите“ – Проклетството на актерите од серијата „Сулејман Величествениот“

Јавноста не е запознаена со сите детали од несреќите кои го следеа снимањето на серијата „Сулејман Величествениот“.

„Сфатив дека нешто не е во ред кога наеднаш почнав да се дебелеам, иако редовно вежбав и внимавав што јадам. Полудев од страв кога следеа напади на паника, страшни кошмари и несоница“ – вели Мерјам Узерли, позната како Хурем.

Според популарната Хурем, таа немала никакви здравствени проблеми пред снимањето на хит серијата. Поради потребата од снимање, Мерием се преселила во Турција и, како што вели, сè и тргнало надолу.

Обожавателите ја напаѓаа и навредуваа на улица бидејќи беше премногу злобна на малите екрани, а поради серијата настрада нејзиниот приватен живот. Како да не беа доволни нејзините чести кавги со бившиот вереник, Узерли психички се влошуваше. Поради стресот на сетот и прекинот на веридбата, актерката се обидела да се самоубие скокајќи од балконот на хотелот. Завршила на психијатрија во Германија, а наводно побарала помош од исцелител.

„Ја убедија дека за се е виновна црната магија. Психичарите мислат дека некој ѝ направил магија, а не е исклучено Мери да ја прогонува вознемирениот дух на Хурем, на која не и се допаѓа како актерката ја прикажувала во серијата“ – велат пријателите.

Несреќите не престанаа ниту откако Узерли ја напушти серијата. Набрзо дознала дека е бремена, а вереникот Кан Атес ја оставил и сега сака да ја прикаже како лоша мајка, за да и ја земе ќерката Лара.

Мерјам го игнорирала својот поранешен вереник уште откако тој и рекол дека никогаш не сакал да има дете со неа. На актерката во одгледувањето на детето ќе и помагаат родителите, сестрата и пријателите

Експертите за Куранот тврдат дека сценаристката го сквернавела исламот и ги исмевала Османлиите, што довело до нејзина несреќа.

Сулејман беше претворен во развратен водач од сценаристката Мерал Океј, кој мисли само на пијалоци и жени, а премногу ги разобличуваше султаните и робовите. Затоа градските власти во Истанбул и забранија да снима историска ТВ серија на вистински локации.

Сценариото го налути и турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, кој сакаше да ја забрани серијата. Не успеа, но поради неговите притисоци Мерал постојано мораше да го менува сценариото.

„Ми се закануваа екстремни исламисти, па извесно време бев под полициска заштита, а не смеев да излезам од дома без телохранител“ – се пожали Окај.

Се шпекулира дека стресот и го влошил здравјето во рекордно време, бидејќи Мерал почина од рак на белите дробови во 2012 година, само пет месеци откако и беше дијагностициран.

„Пред смртта се жалела дека е опседната со црни мисли и дека има напади на паника“ – откриле нејзините соработници, кои се убедени дека ја прогонувал духот на Хурем затоа што законската сопруга на султанот ја прикажала како заговорник и најлоша вештерка од харемот.

Ништо подобро не помина ниту актерката Нур Фетахоглу, која ја игра Султана Махидевран, мајката на принцот Мустафа, во „Сулејман Величествениот“.

Откако почна да глуми во серијата, Нур се разведе од сопругот Мурат Ајсан, а немаше ни среќна врска со актерот Нецати Сашмаз.

Кога конечно среќно се омажила за богатиот бизнисмен Левент Везироглу, Махидевран била тешко повредена на снимањето на серијата.

Актерката незгодно застана и падна по скалите. Завршила во болница, а неколку недели подоцна не можела да стане од кревет поради повреда на рбетот. Нур наводно има и проблеми со плодноста. Иако очајно сака деца, не може да остане бремена. Психичарите тврдат дека проклетството на нејзиниот лик е префрлено во реалниот живот.

„Махидевран имала само еден син кој бил погубен од нејзиниот татко, а Хурем на султанот му подарила четири сина и една ќерка. Очигледно е дека поради сериите се разбудија страшни демони од минатото, кои не им даваат мир на актерите“ – велат јасновидците.

Пелин Карахан немала среќа и во љубовта, исто како и нејзиниот лик Михримах. Актерката се разведе на снимањето на серијата, а Бурак Озџивит, попознат како Бали-бег, беше изневерен од неговата вереница.

  • „Како црн облак да ни е над главите откако дојдовме во Турција“ – велат Мерјам и Нур.

Хурем и Махидевран се родени и израснати во Германија и тешко се справуваа со конзервативна Турција.