Деновиве во Албанија се уапсени најмалку 8 функционери поради договор за стерилизација на медицинска опрема од 2015 година, пишува Плусинфо.
Како што претходно објави порталот, Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција на Албанија, СПАК, издало налози за апсење на поранешни функционери вмешани во аферата, меѓу кои и на поранешниот заменик-министер за здравство Клодијан Рјепај, обвинет за злоупотреба на службената положба, како и бизнисменот Илир Рапајн обвинет за „измама со тешки последици“ за концесијата за стерилизација.
На дел од осомничените изречена им е мерка привор, на дел домашен притвор, додека на двајца секојдневно јавување во полиција.
Осомничените се товарат за злоупотреба при склучен договор за стерилизација на хируршка опрема со Јавното приватно партнерство, потпишан во декември 2015 година меѓу поранешниот министер за здравство Илир Беќај и концесионерската компанија „Сани Сервице“, со кој ѝ била нанесена економска штета на државата.
Според извештајот на Високата државна контрола, опрема вредна над 107 милиони леки (1.014.149 евра), која била купена од албанската влада, му била донирана на концесионерот бесплатно и без никаква одредба во договорот.
Но, како оваа афера е поврзана со купувачот на „Жан Митрев“ и Македонија?
Порталот пишува дека фирмата, поради чиј договор за стерилизација на медицинска опрема од 2015 година деновиве се уапсени најмалку 8 функционери во Албанија, за злоупотреба и проневера на околу 100 милиона евра, е капитално поврзана со компанијата „СкопСтер“, која пак има договор со македонската влада за јавно приватно партнерство за формирање центар за стеризилација на медицинска опрема сместен во дел од објектот на поранешен „Мајчин дом“ во Скопје.
Ос таму се вели дека фирмата „СкопСтер“ е сопственик на акции во три компании: „Сервици Италија“, „Евита“ и „Делта Фарма“.
Станува збор за истата „Сервици Италија“, која има вложувања во фирмата „Сани Сервице“, која што сега е под истрага во Албанија, додека пак „Евита“ е во сопственост на Mајлинда Фетиу, која е роднина на контроверзниот албански бизнисмен Клодијан Алајбеу, сопственик на болницата „Американ хоспитал“ од Тирана, за кого неодамна беше објавено дека преговара купување на Клиниката Жан Митрев во Скопје, настапувајќи со своја компанија регистрирана во 2006 година во Холандија, а подоцна околу 2008 година била купена од „Balkan Alliance Healthcare BV“, компанија регистрирана во Холандија, за која неодамна јавно беше соопштено дека е во завршна фаза од преговори за купување на Клиниката „Жан Митрев“:
Токму фирмата „Евита“ во конзорциум со „Американ хоспитал“ во 2016 година добила голем тендер за дијализа во Тирана, кој подоцна бил предмет на истрага, затоа што наводно на тендерот, на кој учествувале 8 компании, една грчка компанија имала подобри резултати, а истата беше дел и од конзорциумот што го доби тендерот за стерилизација на македонското Министерство за здравство во септември 2019 година, за кој уште тогаш се пишуваше дека е сомнителен.
Македонските фирми кои се претставници на странски брендови во земјата, тогаш се пожалија дека немале можност да учествуваат на тендерот поради високите критериуми во тендерската документација.
Целиот текст на Плусинфо