Американскиот долар е историски преценет и можно е слабеење на валутата на среден рок. Истовремено, помалку песимистичките економски перспективи за еврозоната во текот на 2024 година, како и релативно порестриктивната реторика на Европската централна банка (ЕЦБ) во однос на Федералните резерви (Фед), ќе придонесат за јакнење на еврото, сметаат аналитичарите, пишува Блумберг Адриа.
„Прогнозите на повеќето деловни банки за крајот на 2024 година се дека евро/долар (EUR/USD) ќе достигне паритет 1,11-1,15. Во однос на темпирањето на динамиката на движење, се очекува EUR/USD позначително да зајакне од вториот квартал (раст на еврото во однос на американскиот долар)“, вели Ана Николоски, директорка на Дирекцијата за тргување со финансиски инструменти при Комерцијална банка АД Скопје.
