Во наредните две недели, Македонија ќе се соочи со изразено променливо време, со нагли температурни осцилации и нестабилни временски услови токму во периодот на претстојните празници.
Почетокот на периодот носи стабилно и сончево време. Од петок (24 април) температурите ќе бидат во пораст, а врвот ќе го достигнат во недела (26 април), кога се очекуваат околу 25 степени. Викендот ќе биде погоден за активности на отворено, со многу сонце и минимална облачност.
Сепак, стабилното време нема да трае долго. Од средината на следната недела (29 април) се очекува зголемување на облачноста, како и појава на локални грмежи. Во истиот период температурите постепено ќе почнат да опаѓаат.
Нестабилното време ќе продолжи и во празничниот период. На 30 април се најавуваат поинтензивни врнежи од дожд, додека на 1 мај се очекува претежно облачно време со максимална температура до 16 степени. На 2 мај температурите дополнително ќе се намалат, со утрински минимум од околу 5 степени и дневни до 12 степени.
Стабилизација на времето се очекува од 4 мај, кога постепено ќе се враќа сончево до умерено облачно време. До 6 мај прогнозите укажуваат на повторно затоплување и температури над 20 степени.
Од метеоролозите препорачуваат граѓаните да бидат подготвени за променливи услови и да не ги одложуваат чадорите и потоплата облека, бидејќи преминот од април кон мај ќе донесе чести промени во атмосферата.
