Македонија

„Калири и Мирсис“ посредник на американска донација во вредност од 1.5 милиони долари за пет болници

Медицински средства во вредност од 1.5 милион американски долари беа донирани во пет здравствени институции во Македонија. Според потребите, средствата беа наменети за Гинекологија Чаир, Болницата за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје, Психијатриска болница во Скопје, Универзитетската клиника за дигестивна хирургија, Скопје и Општата болница во Струга. Директорот на Гинекологија Чаир, изрази благодарност и рече дека овие средства ќе се користат за подобрување на условите за пациентите. Средствата од 1.5 милион американски долари ги донира организацијата Глобус Релиф, со седиште во САД, преку хуманитарната организација „Калири и Мирсис“.

„Се надеваме дека оваа донација која се донира денеска свечено на здравствените институции ќе влијае и ќе помогне во подобрувањето на здравствените услуги, кои ги нудат овие институции во интерес на пациентите и на населението општо.“, изјави Руфат Шерифи од Организацијата „Калири и Мирсис“.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни