Свет

Камала Харис го потврди својот глас на претседателските избори: „Го испратив ливчето во Калифорнија“

Камала Харис го потврди својот глас на претседателските избори: „Го испратив ливчето во Калифорнија“

Потпретседателката на САД и демократски кандидат за претстојните претседателски избори, Камала Харис, денеска изјави пред новинарите дека го искористила своето право на глас, пополнувајќи го гласачкото ливче кое неодамна го испратила по пошта во Калифорнија, каде што е регистрирана.

„Всушност само го пополнив моето гласачко ливче и го испратив по пошта. Затоа гласав“, им рече Харис на новинарите во Детроит, објави Си-Ен-Ен.

По дополнителното прашање дали гласачкото ливче е вратено, таа рече дека нејзиното гласачко ливче е на пат за Калифорнија и дека ќе му верува на системот дека ќе стигне таму.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни