Свет

Камала Харис: Не се откажувам од борбата за слобода и правда

Камала Харис: Не се откажувам од борбата за слобода и правда

Камала Харис, по поразот на американските избори, се обрати пред јавноста и со солзи во очите го призна поразот. Таа изрази благодарност и љубов кон државата, истакнувајќи дека иако резултатот не бил како што се надеваа, но борбата продолжува.

„Секогаш ќе има светлина, додека се бориме“, рече Харис.

Таа му честитала на Доналд Трамп и потврдила дека ќе помогне за мирен трансфер на власт, нагласувајќи дека тоа е основна разлика помеѓу демократијата и тиранијата.

„Го признавам поразот, но не се откажувам од борбата за слобода и правда“, додаде Харис, нагласувајќи дека секогаш ќе се бори за Америка во која жените имаат право на избор, а училиштата и улиците се безбедни.

Таа се обрати и до младите, поттикнувајќи ги да не се откажуваат од обидите да го направат светот подобар. „Имате сила, не дозволувајте никој да ви каже дека нешто е невозможно“, изјави Харис, повикувајќи на мобилизација за слобода и правда. „Само кога е многу темно можеме да ги видиме ѕвездите“, додаде таа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни