Македонија

Камчев ми е куќен пријател, ама не можев да донесам одлука во негова корист, рече Кацарска

На вечерашното гостување во 1ТВ, судијката Добрила Кацарска се осврна и на предметот на СЈО под името „Империја“, каде што во притвор заврши Орце Камчев. Таа напомена дека и покрај пријателството со Камчев, не можела да донесе одлука во негова корист.

-Орце Камчев ми е куќен пријател. Мојот татко и неговиот татко беа другари. Мојата ќерка 10 години работи во Систина кај Орце Камчев, но јас не можам да донесам одлука во корист на Орце Камчев, иако сме пријатели со години. Фамлијата Камчеви ги чувствувам како моја фамилија- истакна Кацарска.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни