Поврзи се

Балкан

Камион излетал од патот и усмртил две деца во Хрватска

На едно одморалиште на авопатот Новска – Окучани, додека група одморала од патот покрај својот минибус, камион излетал од патот и удрил во групата, при што настрадаа две лица. Според хрватските медиуми, станува збор за две деца, ученици во 7 и 8 одделение.

Две жени 25 и 26 години се повредени и се однесени во болница. На едната и била извршена реаминација, и натаму е во критична состојба, додека другата засега е во стабилна здравствена состојба.

Не се знае причината за несреќата, но возачот на камионот на пожарникарите им рекол дека му откажале кочниците.

„Беше страшно. Луѓето одмораа, и одеднаш на нив налета кампион кој рушеше се пред себе“, кажале очевидци.

The post Камион излетал од патот и усмртил две деца во Хрватска appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com