Балкан

Камиони еден час чекаат на граница за влез во Србија

Камиони еден час чекаат на граница за влез во Србија

На српскиот граничен пункт (ГЦП) „Градина“ на границата со Бугарија утринава пет часа чекаат да заминат камиони, објави српскиот автомобилски сојуз.

На граничниот премин „Прешево“ на границата со Македонија утрово околу еден час чекаат камиони за влез.

На останатите гранични точки на Србија нема метеж за сите категории возила.

Како што се наведува во соопштението, работното време на некои српски гранични пунктови на границата со Унгарија е продолжено до 15 јануари. Граничниот премин Бачки Виногради сега е отворен од 7 до 22 часот, а граничниот премин Бајмок од 7 до полноќ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни