Балкан

Камиони со косовски таблички не можат да поминат на премините Јариње и Мердаре

Камиони со косовски таблички не можат да поминат на премините Јариње и Мердаре

Возачи на камиони со српски регистарски таблички од синоќа не дозволуваат камиони со косовски таблички да минуваат на премините Јариње и Мердаре во Косово.

Возачи на камиони со српски регистарски таблички од синоќа не дозволуваат камиони со косовски таблички да минуваат на премините Јариње и Мердаре во Косово.

Возачите кои со денови стојат со роба во камиони поради забраната за влез на камиони со српски регистарски таблички на Косово, како што велат, револтирани затоа што, посочуваат, плаќаат данок секој десетти во месецот. и од тоа зависи нивното постоење.

Сметаат дека нивната блокада ќе доведе до укинување на забраната што Владата на Косово ја воведе на 14 јуни со заострување на контролата на границата со Србија. Одлуката е донесена откако српската полиција уапси тројца припадници на косовската полиција. Дозволен е премин на патнички возила и автобуси.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни