На единаесеттиот ден од изборната кампања за Локалните избори 2025, кои ќе се одржат на 19 октомври, политичките партии, коалициите и независните кандидати продолжуваат со интензивни активности на терен – со митинзи, средби со граѓани и претставување на своите изборни програми.
Според најавите, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска ќе ги претстават своите кандидати во Зелениково, Илинден, Центар и Кисела Вода, додека СДСМ ќе спроведува активности во Демир Капија, Росоман, Кавадарци и Неготино.
Кампањата трае до 17 октомври на полноќ, кога започнува изборниот молк пред гласањето на 19 октомври. Вториот круг на гласање е предвиден за 2 ноември.
Ова се осми локални избори од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Град Скопје.
На вкупно 3.480 избирачки места, граѓаните ќе можат да изберат меѓу 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за општински совети, што претставува 10.490 кандидати во целата земја.
На изборите учествуваат 22 партии, 19 коалиции и 119 независни кандидатури, а најголем интерес има за трката за градоначалник на Град Скопје, каде што се натпреваруваат 16 кандидати.
Читај и ова:
- 1.ЕУ и ОН повикуваат на почитување на договорот: „Страдањето мора да заврши“
- 2.Кривична пријава против две лица за криумчарење мобилни телефони „Ајфон“, случајот откриен на ГП Ново Село
- 3.Го славиме Свети Јован Богослов, апостол и евангелист
- 4.Уапсен Борче Марковски, битолски бизнисмен чија компанија имаше милионски договори со РЕК Битола и почесен конзул на Белорусија!
- 5.За онлајн нарачките преку „Тему“ ќе плаќаме ДДВ – Владата го укинува ослободувањето за пратки под 22 евра