Македонија

Кампањата за Локалните избори влегува во втора половина – партиите со средби низ целата држава

Кампањата за Локалните избори влегува во втора половина – партиите со средби низ целата држава

На единаесеттиот ден од изборната кампања за Локалните избори 2025, кои ќе се одржат на 19 октомври, политичките партии, коалициите и независните кандидати продолжуваат со интензивни активности на терен – со митинзи, средби со граѓани и претставување на своите изборни програми.

Според најавите, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска ќе ги претстават своите кандидати во Зелениково, Илинден, Центар и Кисела Вода, додека СДСМ ќе спроведува активности во Демир Капија, Росоман, Кавадарци и Неготино.

Кампањата трае до 17 октомври на полноќ, кога започнува изборниот молк пред гласањето на 19 октомври. Вториот круг на гласање е предвиден за 2 ноември.

Ова се осми локални избори од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Град Скопје.

На вкупно 3.480 избирачки места, граѓаните ќе можат да изберат меѓу 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за општински совети, што претставува 10.490 кандидати во целата земја.

На изборите учествуваат 22 партии, 19 коалиции и 119 независни кандидатури, а најголем интерес има за трката за градоначалник на Град Скопје, каде што се натпреваруваат 16 кандидати.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни