Светски познатиот Кање Вест сака да го промени своето име во „Је“, се вели во правните документи кои ги пренесува „Варајети“.
За сето ова да биде официјално, судот во Калифорнија, мора да се потпише, а , одлуката за промената на името мора да биде објавена и во неколку весници.
Кање Вест во документите наведува дека промената на името е од „лични причини“, но не даде дополнителни детали.
Инаку, раперот деновиве е актуелен со новиот албум „Donda“, а првите промоции се случуваат токму во неговото родно место – Чикаго.
