Канје Вест го распродава имотот – организира и сопствен погреб

Во неодамнешното интервју со Тина Сигал, Канје Вест зборуваше за тоа како планира да го убие своето его.

За време на долгиот разговор, Канје Вест открил дека планира да направи „проба на погребот на Канје Вест“, односно што ќе биде по „смртта на Канје Вест“.

„Смртта на егото што не разделува е раѓање на човештвото. Дозволете ми да почнам така што ќе се убијам. Колку помалку од вас, толку повеќе простор за Бога“, вели раперот.

Тој не додава детали што точно планира додека го „планира својот погреб“, но откри како сè дизајнирал додека бил на патување во Берлин.

„Сакам да го продадам целиот свој имот, бидејќи капитализмот не убива“, заклучи тој.

За време на остатокот од интервјуто, тој зборуваше за неговите амбиции и дизајн, како и за важноста луѓето да комуницираат онака како што сакаат, а не онака како што се очекува од нив.

„Знаете, добив мала капка симпатија, таа мала златна капка што го прави популарна особина“, рече тој, додавајќи:

„Но, не можам да дозволам некој да ме сака премногу, затоа што ќе паднам во љубовна замка. И тогаш на сите им должам да бидам личноста во која се заљубиле. И никогаш нема да бидам таа личност. Секогаш морам да бидам слободен и да не бидам сакан, за „секогаш да можам да бидам јас“, тврди раперот за време на интервјуто.