Караџиќ како доктор Дабиќ – по 20 години го открива идентитетот

Со лажниот идентитет Радован Караџиќ започнал нова кариера. Лекар по алтернативна медицина, или попознат како доктор Дабиќ, нудел  лекарска помош за астма, дијабетес, епилепсија и сексуални проблеми. Најпрво морал да ослабне 40-тина килограми. Почнал да носи различна облека, ролки, широки маици, се она што никогаш не носел. Имал своја веб страница на која јавно бил објавен неговиот број на телефон и маил адресата. Една од неговите сосетки која живеела токму на неговиот спрат, работела за Интерпол, а нејзина задача била да ги фати меѓународните бегалци, како што е Караџиќ. Маската по грешка му ја разоткрил неговиот брат Лука, пролетта 2008 година. Тој го повикал “Доктор Дабиќ” на стариот број за кој имало потерница и бил под надзор. Вечерта на 18 јули 2008 година, “Доктор Дабиќ” излегол од влез број 267 на улицата Јуриј Гагарин. На себе носел светлосина маица и сламен шешир. Во раката држел ќеса, една торба за пазарување и ранец. Се било полно. Прошетал до најблиската автобуска станица, каде наскоро му се придружил еден човек, агент од БИА. Влегле во автобус, Дабиќ седнал напред, а неговата сенка неколку седишта позади. Во еден момент во автобусот влегле четири полициски службеници, двајца напред и двајца позади. Веста за апсњето беше објавена уште во мај 2007 година во Виена, каде живеел со хрватски пасош со име Петар Глумец, каде австриската полиција разговарала со него во врска со самоубиството кое се случило во тој реон, но не го препознале. Открива Караџиќ во интервју за Вечерње новости.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното